Bible

Connect

With Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Chronicles 4

:
Macedonian - 2006
1 Синови на Јуда: Фарес, Есром, Карми, Ор и Шовал.
2 Реаја, Шовалов син, го роди Јахат; Јахат ги роди Ахумај и Лахад; од нив се родовите на Цорат.
3 А ова се синовите на Етам: Јиз­реел, Јишма, Јидбаш, и сестрата нивна, по име Хаселелпонија.
4 Фенуел, татко на Гедор, и Езер, татко на Хушин. Тоа се синовите на Ор, првенец Ефратов, татко Витлее­мов.
5 Ашхур, таткото на Текоа, имаше две жени: Хела и Наара.
6 Наара му ги роди Ахузам, Хефер, Темени и Ахаштари, тоа се синовите од Наара.
7 Синови од Хела: Зерет, Цохар, и Етнан.
8 Коз го роди: Анув и Хасовев и родовите на Ахархел, син на Харум.
9 Јабец беше попрочуен од своите браќа. Мајка му го нарече Јабец, веле­јќи: го родив со болки.
10 И повика Јабец кон Бог Израелов, велејќи: „О, да ме благословеше со Твојот благослов, да ги проширеше границите мои, да беше раката Твоја со мене и да ме пазеше од зло, та да не тагувам!“ И Бог му го даде она за што молеше.
11 А Халев, братот на Шуха, го роди Махира; тој е татко на Ештон.
12 Ештон го роди Бет-Раф, Пасеах и Техина, таткото на Ирнахаш; тоа се жителите на Река.
13 Синови на Кеназ: Готониил и Сераја, синови на Готониил: Хатат и Меонотај.
14 Меонотај го роди Офра, а Сераја го роди Јоав, таткото на Гехара­шимците, наречени така зашто беа занаетчии.
15 Синови на Халев, Јефунеов син: Ир, Ила и Наам. Син на Ила: Кеназ.
16 Синови на Јехалелел: Зиф, Зифа, Тирија и Асраел.
17 Синови на Езра: Јетер, Меред, Ефер и Јалон; Јетер, пак, го роди Мир­јам, Шамаја и Јишбах, таткото на Ештемоа.
18 А жена му, Јудејката го роди Јаред, Гедоров татко, и Хевер, татко на Сохо, и Јекутиел, татко на Заноах. Тоа беа синови на фараоновата ќерка Битија, што ја беше зел Меред.
19 Синовите на жената на Одија, сестра Нахамова, беа татковци на Кеила, Гермиецот и на Ештемоа од Маахат.
20 Синови на Симон: Амнон, Рина, Бен-Ханан и Тилон. Синови на Иши: Зохет и синот на Зохет.
21 Синови на Шела, син Јудин: Ер, татко на Лека и Лаада, татко на Мареша, и челадта на тие, што обработуваа висон, од Бет-Ашбеа,
22 и Јоким, и жителите на Хозев, и Јоас, и Сараф, кои имаа имоти во Моав, и Јашуви-Лахем; но тоа се дамнешни работи.
23 Тие беа грнчари, живеејќи и во Нетаим и Гедера; живееја таму кај царот, за да му работат.
24 Синови Симонови: Немуел, Ја­мин, Јарив, Зерах и Саул.
25 Негов син Селум; негов син Мив­сам; негов син Мишма.
26 Синовите на Мишма: Хамуел, син негов; неговиот син Закур, неговиот син Шимеј.
27 Шимеј имаше шеснаесет синови и шест ќерки, но браќата негови немаа многу синови, и сиот нивни род не беше толку многуброен, како родот на синовите Јудини.
28 Тие живееја во Вирсавија, Молада и Хацар-Шуал,
29 во Билха, во Ецем, во Толад,
30 во Ветуил, во Хорма, во Циклаг,
31 во Бет-Маркавот, во Хацар-Су­сим, во Бет-Бириј и во Шаараим. Тоа се градовите нивни до царувањето на Давид,
32 со селата нивни: Етам, Ен-Римон, Токен и Ашан, пет градови,
33 и сите нивни села, што беа околу тие градови до Ваал; тоа се нивните живеалишта и родословија.
34 А Мешовав, Јамлек и Јоша, син на Амасија,
35 Јоил и Јуј, син на Јошивија, син на Сераија, син Асиелов,
36 Елиоенај, Јакова, Јехошаја, Асаја, Адиел, Јесимиел и Бенаија,
37 и Зиза, син на Шифиј, син на Алон, син на Једаја, син на Шимри, син Шемаиев,
38 сите овие споменати беа началници над своите родови, и домот на татков­ците нивни се разграни многу.
39 Тие одеа до Гедор и до источната страна на долината, за да најдат пасиш­та за стадата свои;
40 и најдоа густи и убави пасишта и широка земја, мирна и безопасна, зашто порано живееја малкумина од Хамов­ците.
41 Па појдоа тие, запишани поиме­нично, во дните на јудејскиот цар Езе­кија, па ги убија скитниците и заседнатите, што се наоѓаа таму, ги истребија засекогаш и се населија на местото нивно, зашто таму имаше пасишта за стадата нивни.
42 А од нив, од Симоновите синови, петстотини души отидоа кон гората Сеир; началници им беа: Пелатија, Неа­рија, Рефаја и Узиил, синови на Иши,
43 и ги убија избеганите остатоци од Амаликијците, и живеат таму и до денес.